Денес пред министерството за култура протестираше струмичкиот писател драматург Митко Бојаџиски со транспарент на кој пишуваше „Министерство за култура или мафија“

Подоцна Бојаџиски на својот Фејсбук ја објасни неговата реакција каде што напиша дека протестира бидејќи трет пат го одбиваат од струмичкиот театар со добра драма и еден од најдобрите режисери од соседна земја. Бојаџиски прашува дали воопшто има критериуми и стандарди за влез во струмички театар.

Неговиот пост го пренесуваме во целост

Господине Ванчо Ристов – Патриков,  вие сте директор на театарот „Антон Панов“ од Струмица. Оваа година по трети пат аплицирав во струмичкиот театар со добра драма и со еден од најдобрите режисери во една соседна земја. Очекував овој проект да биде прифатен како предизвик за театарот и за публиката, пред се!

По трети пат сум одбиен.

2013та мојата драма ,,Не чукај блиску до срцето,, се постави во струмичкиот театар и се одигра 32 пати. Имате ли таков пример овие три години откако сте вие директор и одлучувате за репертоарската политика? Како што веројатно знаете, такви примери, во струмичкиот театар во последните триесет години на прсти се бројат. Во меѓувреме, мојата Кец на десетка во МНТ важи за хит претстава со близу 50 изведби.

Ве молам да ми одговорите на едно едноставно прашање: Кои се вашите критериуми и стандарди за влез во струмичкиот театар? И дали, воопшто, ги имате?, пишува Бојаџиски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.