Францускиот институт во Скопје информира дека денеска (понеделник, 1 јули 2019 година), во 18 часот, во хотелот „Дрим“, официјално ќе биде отворено 21-то издание на Летниот регионален универзитет во Струга.
Овој голем педагошки настан ќе го отворат: Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција, Арбер Адеми, Министер за образование, и Жан-Лик Коаталем, новинар, историчар, писател и гостин од Франција, со воведно предавање на тема „Кога книжевноста го носи вкусот на патувањата“.
Летниот регионален универзитет се организира од страна на Францускиот институт во Скопје, во соработка со Францускиoт институт во Србија и Амбасадите на Франција во Албанија и во Косово и претставувазначајна обука за професорите по и на француски јазик на Балканот и во Југоисточна Европа.
Главната цел на оваа обука е да се зголеми визибилитетот на францускиот јазик, да се засили неговото место во образовниот ситем на земјите учеснички на обуката и да создаде поврзаност и размени помеѓу професионалците од сите земји.
Оваа година, Летниот универзитет ќе одржи од 1 до 5 јули 2019 година, во хотелот „Дрим“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.