Стрип книжарницата „Бункер“ го објави новиот графички роман „Легендите на Тур де Франс“ од Јан Клејне. Промоцијата ќе се одржи утре (02.10.2019), среда во Котур Кафе и Филм.
Промотори на графичкиот роман ќе бидат Ласко Џуровски и проф. д-р Јован Јовановски.
Јан Клејне (1977) е еден од истакнатите холандски стрип автори од поновата
генерација. Легендите на Тур де Франс е неговиот прв графички роман со кој
постигна голем успех. Покрај оригиналната холандска верзија преведен е и на
англиски, француски, германски, шпански, кинески(мандарински), дански јазик
и објавен во петнаесеттина земји. Угледните Гардијан и Криејтив Блок го вброија меѓу најдобрите графички романи објавени во 2014. Македонското издание е прво во овој дел од Европа.
Романот ја следи приказната на велосипедската трка Тур де Франс, еден од
најголемите светски спортски настани, од нејзините почетоци во 1903 до
модерните времиња. Во неа се вткаени 425691 извозени километри, над 100
години традиција, големи тркачки легенди и скандали…
Објавувањето на графичкиот роман Легендите на Тур де Франс на македонски
јазик го поддржаа Град Скопје и Холандскиот фонд за литература Letterenfonds.
Издавачот Бункер е единствената специјализирана продавница за стрипови во
Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.