Не стивнуваат реакциите во јавноста за распределбата на финансиите преку годишната програма на Министерството за култура.
Преку отворено писмо се јави Стрип центарот на Македонија од Велес. Тие реагираат дека најстарата стрип манифестација во Македонија, интернационалниот стрип салон којшто од 2018 година премина во неколкудневна меѓународна стрип колонија, првпат после 18 години не се финансира од Министерството.
Оттаму реагираат дека ситуацијата мора итно да се корегира кон подобро преку овозможување на пристојни средства бидејќи во спротивно може целосно да згасне стрип културата во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.