И јавноста и македонските музичари реагираат на одлуката Жељко Јоксимовиќ да го затвори овогодинешното „Охридско лето“. Покрај оние кои сметаат дека на музичарот не му е местото на овој фестивал, доста реакции пристигнаа и на сметка на тоа дека во време на корона-криза, кога откажани се концерти, настапи, веселби, ова е шанса со македонски пари да им се помогне на македонски музичари.

Во ова време-невреме, на негово место би стаил 20-тина македонски групи/бендови, со просек 4-5 члена од бенд, 100-тина македонски фамилии ќе земеа некој денар…А, и не дека не бил, реагира музичарот Никола Бочваров, кој упати апел до Владата, како и до организаторите на фестивали и до општините организатори на културни лета и сл. манифестации кои црпат од буџетот на Македонија да ангажираат македонски музичари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.