Хит-претставата „Вардарски пастуви“ на 12 ноември ќе ја има својата стота изведба во Театар Комедија. Ова е втора претстава на театарот што има 100 изведби, по „Стјуардеси“.

Првата наша успешна приказна е ‘Стјуардеси’, а сега ќе ја прославиме и стотата изведба на ‘Вардарски пастуви’, претстава чија премиера беше на 8 март 2016 година“, велат од театарот.

Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Жарко Димоски, Илија Илиоски, Столе Мицов, Едмонд Сотир, Крсте Јовановски и Јелена Жугиќ.

Сценографот е Милан Несторов, костимографот Александар Ношпал, а кореограф е балерината Саша Евтимова, која тогаш дебитираше на театарската сцена.

Текстот на „Вардарски пастуви“ е правен според мотиви од „Фул Монти“ од Симон Бифоу, „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стивен Синклер и според скопски урбани легенди. Преводот на текстовите, адаптацијата, изборот на музиката и режијата е на Синиша Евтимов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.