Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за вкупните неисплатени обврски на Министерството за култура за проектите избрани на Годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2020 година и го задолжи Министерството за култура да не ги исплаќа финансиските средства на корисниците без да ја утврди законската основаност за тие средства, соопштија од прес-службата.
Во врска со ова Владата го задолжи Министерството за финансии преку Секторот за финансиска инспекција да изврши контрола во Министерството за култура кое доби обврска по извршените финансиски контроли да ја информира Владата за констатираните состојби и за мерките преземени по наодите од тие контроли, се вели во соопштението.
Станува збор за проекти од Годишната програма за проекти од јавен интерес во културата која беше донесена во мандатот на претходниот министер за култура Хусни Исмаили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.