Извештаите на инспекторите од Градскиот конзерваторски центар и од Управата за заштита на културното наследство велат дека носечките столбови на скопскиот аквадукт биле интензивно оштетени во последниве 15 дена, а за еден од нив постои опасност да се сруши, вели директорот на УЗКН. Според него не се сите 10 столбови интензивно оштетени, но оштетувањата се продлабочени зашто и порано овој споменик на културата од исклучително значење, бил мета на вандали.
Оштетувањата на столбовите на аквадуктот од за сега непознат сторител, се мотивирани од геомеханичките истражувања на тлото околу него, што ги вршеше Градскиот конзерваторски центар поради појава на пукнатини, дополнува директорот на Управата. Барање локалитетот да се стави под надлежност на УЗКН и да се изготват мерки за негова заштита, упатил министерот за култура, на вчерашната владина седница.
извор Телма
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.