Тандемот Максим Венгеров – Симон Трпчески на 20 јануари го одржаа вториот концерт од мини-турнејата на најпрестижните светски сцени, овојпат во „Карнеги хол“ во Њујорк. По исполнувањето на програмата за концертот во преполна сала и со стоечки овации, двајцата врвни уметници ја израдувале публиката со дури три изведби на бис.

По Лондон и Њујорк, македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески и легендарниот виолинист Максим Венгеров, веќе в четврток, на 27 јануари, ќе настапат во Париз.

По минатогодишниот прв заеднички настап на фестивалот „Музика Мунди“ крај Брисел во Белгија, македонскиот пијанист Симон Трпчески месецов настапува на три од најпрестижните светски концертни сцени заедно со легендарниот Максим Венгеров, кој се смета за еден од најголемите виолинисти на сите времиња, известија од „КултурОп“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.