Во рамки на манифестацијата ЛУНУС, во „Култура 365“, на ул. „Самоилова“ во Охрид синоќа се одржа првата промоција на стихозбирката „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска, издание на ПНВ Публикации.
Поезија на крвта и поезија од телото на тело. Експлоративна поезија на телото кое учи да биде тело, во пограничјата, во ограничувата, во границите, во среќавањата. Поезија којашто ги изучува телата како географски карти. Поезија што се предава пред магматската потреба да се сака и да се биде сакан, иако јазиците – зборовите, намерите, гестовите – се чини како намерно да биле створени за воопшто да не сакаат да се разберат, вели за делото Тицијано Фратус.
Стихозбирката годинава се најде и во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци” што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата, а пред бројната публика ја претстави проф. д-р Димитар Пандев.
фото/видео: фејсбук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.