Поетот, раскажувач, писател за деца, и сценарист Симски по 20 години пак е награден на истиот конкурс. Стево Симски е роден 1953 година во Јабука, Србија. Живее во Скопје од 1961 година. Петнаесет години работел како наставник по македонски јазик. Од 1997 – 2016 година, како дипломат, работи во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Добитник е на над десетина награди на конкурсите за краток расказ. Автор на над 80 ТВ сценарија снимени од МРТВ, ТВ Алфа и ТВ Сител..
Автор е на книгите: Бродот нуркач (поема за деца, 1991), Лаѓа од картон граѓа (брзозборки, 1992), Ѕвездена порта (роман, 1993), Источен ѕид (поезија, 1999), Раѓање на ангелот (поема, 2001), Зимска шапка (раскази, 2002), Виолетов дожд (раскази, 2004), Недеремено око (поезија, 2008)
Наградени книги: Прва награда на Подкозјачките поетски средби, 1999, за збирката песни Источниот ѕид. Прличева награда за поемата Раѓање на ангелот ја освои во 2000 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.