Премиерот Заев не може да ѝ помогне на Бугарија, оти бугарското општество мора самото да се справува со темните страни од своето минато, рече денеска министерката за култура Ирена Стефоска, одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира ставовите на премиерот изнесени во вчерашното интервју за бугарската агенција „БГНЕС“.
Убедена сум дека премиерот буквално сака да ја истурка земјата да оди напред, но и покрај сите напори тој не може да и помогне на нашата сосетка Бугарија, бидејќи бугарското општество, како и секое друго, мора самото да се справува со темните страни од своето минато, рече Стефоска, доктор по историски науки и редовен професор во Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Таа додаде дека историјата и идентитетските прашања не смее да бидат услов и пречка за европската интеграција, оти ако е така тогаш нема ни да постоти Европската унија.
На денешната прес-конференција на која го претстави граѓанскиот буџет на Министерството за култура за 2021 Стефоска кажа дека има многу примери како се работи на справување со минатото, и го спомена германскиот канцелар Вили Брант, кој пред педесет години при посетата на Полска клекна пред споменикот на хероите и на тој начин побара прошка и се извини за злосторствата на нацистите во Втората светска војна, со што го отвори патот на процесот на простување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.