Завршен е инспекцискиот надзор во Центарот за култура во Штип. Извештајот е во подготовка, а веќе следната недела ќе одам таму и ќе разговарам со вработените и со директорот, рече министерката за култура Ирена Стефоска во одговор на новинарско прашање за рекациите за мобинг на вработените во штипскиот Центар за култура.
Веднаш по реакциите од страна на вработените во Центарот за култура во Штип, упативме вонреден инспекциски надзор од страна на Министерството за култура. Надзорот е завршен и извештајот се подготвува. Ќе видиме што ќе каже Извештајот, рече Стефоска.
Таа напомена дека најдоцна следна недела ќе оди во Центарот за култура во Штип и ќе оствари средба со вработените и со директорот.
Исто како што имам намера да одам во Охрид да се видам со градоначалникот, и исто како што појдов во Тетатар Комедија, најдоцна следната недела одам и во Штип, за на лице место во Центарот за култура да се сретнеме и со вработените и со директорот, истакна министерката.
Таа додаде дека е добро информирана и смета оти е важно лично да се појави и да разговараат.
Уверена сум дека со искрен и сериозен разговор секој проблем може да биде надминат, а сите заедно да работиме во интерес на културата. Ние сме платени и наша обврска е да работиме за доброто на културата, рече Стефоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.