Првото гостување на stand up комичарот Влад Илиќ ќе се одржи утре, 4 септември, во МКЦ парк, со почеток во 20 часот.
Влад е млад и перспективен комичар кој ги користи своите лични приказни и гледишта на тоа како е да се биде млад „миленијал“ од источна Европа во Лондон и сето тоа го преточува во супер вкусно комеди шоу со кое од ден на ден станува се пополурарен и баран по комеди клубовите во Англија.
За неговите квалитети говорат и освоените награди: King of the Gong – Comedy Store Manchester Comedian of the Year – Stand Up Club Soho, London One to Watch – Up the Creek, Greenwich London Max Turner Prize – Comedy Virgins, Stockwell, London, вели организаторот.
Не oстанаа рамнодушни и „ловците на таленти“ на популарната BBC и беше гостин на настан организиран од страна на популарната телевизија кој можете да го видите подолу:
Специјален гостин, кој ќе ја отвори вечерта е Никола Сиљаноски – Братучед, млад и перспективен stand up комичар од Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.