Во просториите на Друштвото на писатели на Македонија, на 13 декември (четврток), со почеток во 12 часот ќе се одржи средба со писателката Драгица Најческа по повод нејзиниот 85. роденден и педесетгодишниот јубилеј од нејзиното зачленување во писателската асоцијација.

За творечкиот опус и ликот на писателката ќе говори поетот, раскажувач и публицист Панде Манојлов. На средбата ќе се промовира и најновиот роман на Драгица Најческа „Куќа на езеро“ за кој ќе зборува писателката и критичарка Оливера Ќорвезироска.

Извадок од романот и избор од поезијата на авторката ќе прочита актерката Вирџинија Ристеска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.