„Сонот на играчките“ е насловот на симфонискиот концерт за деца на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи на 9 март (сабота) во 11 часот. Со оркестарот ќе диригираат двајцата млади македонски диригенти кои се активни на европските музички сцени, Виктор и Елена Митревски.
На концертот ќе има и аниматор, а ќе бидат изведени дела од Дебиси, Григ, Понкиели, Моцарт, Бизе, Елгар.
„Сонот на играчките“ е музичка приказна за две деца кои сонуваат да станат славни диригенти, а во остварување на сонот им помага волшебник. Во улогите на двете деца, кои се брат и сестра, се всушност диригентите Виктор и Елена. И овој концерт, во нарацијата, содржи многу хумор, како и едукативни елементи кои ќе им помогнат на децата преку смеа да се запознаат со класичната музика, инструментите, како и улогата на диригентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.