Македонскиот независен филм „Јавачи на коњи” ја доби наградата за најдобар филм на филмскиот фестивал „Yala International Film festival” во Непал.
„Јавачи на коњи“ е социјална драма по сценарио на Никола Кузелов, а во режија на Марјан Гавриловски. Главните улоги го толкуваат Бобан Кулески, Никола Кузелов и Долорес Поповиќ.
Станува збор за независен филм кој е работен во Скопје во 2016 година, а премиерно беше прикажан подоцна во Кинотека на Македонија.
„Јавачи на коњи“ беше прогласен за најдобар игран филм на „Јала интернешанал филм фестивал“ кој се оддржа минатата недела во Непал, Јужна Азија. Оваа главна награда на вечерта едногласно беше доделена од жирито кое го сочинува оскаровецот Марк Башет, Дина Јорданова, професор на филмската академија „Сетн Ендрјус“ во Шкотска и професор на универзитетот во Хонг Конг и Том Волер, филмски продуцент, сценарист и режисер.
Интимен портрет на изгубените генерации од постконфликтната Југославија. Впечатлив и уверлив перформанс на тројцата главни ликови. Хармоничен и силно емотивен филм, е коментарот за „Јавачи на коњи“ Фестивалот.
Ова е втора награда за „Јавачи на коњи“ после наградата за најдобар филм на „Fam Fest International 2018″ во Северна Каролина, САД. Филмот до сега има учествувано на голем број фестивали и тоа во Шпанија, Шведска, Италија, Јужна Африка, Швајцарија, Полска, Чешка, Романија и Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.