Млад отворен театар (МОТ) продолжува в петок, со изведбата на „Вишнова градина“ на Турски театар. До крајот на првиот блок на МОТ кој ќе трае до први декември има уште четири претстави, а поради тридневната жалост, програмата на фестивалот претрпе промени.
На 27 ноември во 20 часот на мала сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде прикажана македонската премиера на „Нема да биде крај на светот“, во режија на Нина Николиќ.
„Уметноста е ормар“ е насловот на претставата на Словенско младинско гледалишче, в режија на Иван Петернељ, која ќе биде изведена на 27 ноември во 22 часот на големата сцена во МНТ.
Првиот блок на МОТ ќе биде затворен со гостувањето на Народниот театар од Прилеп со претставата „Глембаеви“, во режија на Бранко Брезовац. Оваа претстава ќе биде изведена на 1 декември во 20 часот во „Фросина“.
Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ. Фестивалот е поддржан од Град Скопје и од Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.