Со проекцијата на фимот „Среќна нова ’49“ од Столе Попов вечерва во киното „АБЦ“ во Приштина почнува Неделата на македонски филм.
Денес на пладне, пак, на Универзитетот за уметности во Приштина гостува македонскиот актер Мето Јовановски, чија улога на Драгослав во „Среќна нова ’49“ е една од незаборавните во неговиот богат филмски опус.
На Неделата на македонски филм, што ќе трае трае до 7 декември, ќе бидат прикажани и „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, „Лазар“ на Светозар Ристовски, „Медена ноќ“ на Иво Трајков и „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска.
На отворањето на Неделата на македонски филм на присутните ќе им се обратат директорите на Кинотека, Владимир Ангелов, и на „Вардар филм“, Насер Цури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.