Во моментов интензивно се работи на реализацијата на првата фаза од реконструкцијата на театарот во Куманово, објектот при НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“, информираше министерката за култура, Ирена Стефоска на својот фејсбук профил.
Во овој период се извршени предвидените подготвителни работи како демонтажа на подни, ѕидни и плафонски облоги, на бетонски плочи, демонтажа на армирано бетонски скали, преградни ѕидови, на внатрешна и надворешна столарија и браварија. Комплетно се завршени предвидените земјени работи и електро-инсталатерските работи, водовод и канализација и термотехнички инсталации.
Со директорот Сашо Тодорвски, при увидот ги разгледавме идните буџетски планирања и динамика на реализација на оваа фаза, како и финансиското планирање на проектот што во следната фаза предвидува спроведување на инсталации од електрика, машинство, водовод и канализација и сценска техника.
Кумановскиот театар годишно продуцира околу десетина премиери на македонски и на албански јазик. Во овој период сите премиери и репризи се играат во салата на Центарот за култура во согласност со здравствените протоколи.
Од Театар Куманово информираа за посетата на министерката за култура Ирена Стефоска.
Се направи увид во досегашните работи од првата фаза која треба да заврши во текот на месец мај следнава година, а за идната 2022 година се обезбедуваат двојно повеќе финасиски средства за изведување на работите.
За нов, модерен и функционален театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.