Со доделување на фестивалските награди, врачување на Златна „Камера 300“ за животен опус на кинематограферот Јоргос Арванитис и со проекција на филмот „Манаки – приказна во слики“, вечерва во Битола завршува јубилејното 40. издание на ИФФК „Браќа Манаки“.
Филмот „Манаки – приказна во слики“ чиј режисер и кинематографер е Роберт Јанкуловски, ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки и нивното големо творештво. Приказната е раскажана преку оригинални документарни фотографии следејќи ја работата на браќата Манаки и тоа е доминантен дел во сценариото за филмот чии потписници се Илинденка Петрушевска и Роберт Јанкуловски.
Филмот е специјална проекција во чест на наградените кинематографери кои вечерва на сцената во Битола ќе добијат златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, награди за кои одлучува меѓународно стручно жири во кое членуваа Ед Лакман од САД, Калојан Божилов од Бугарија, Доминик Велински од Франција, Ненад Дукиќ од Србија и Фејми Даут од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.