Со премиерната изведба на театарската претстава „Орестија” која е копродукција на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” и Национална опера и балет на Теодосијанската палата во археолошкиот локалитет „Стоби”, вчера, свечено беше отворено 18 издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби”.
Сите љубители на театарот под ведро небо, три часа, уживаа гледајќи три антички трагедии вклопени во една претстава како и сатирска игра. На првата трагедија „Агамемнон” режисер е Александар Ивановски, на вториот дел „Надгробно жртвување” режисер е Ненад Витанов, на третата трагедија „Фурии” режисер е Софија Ристевска Петрушева. Деан Дамјановски е режисер на „Сатирска игра” поврзана преку ликот на Сатин Силен кој го одигра актерот Зоран Љутков. Тој напомена дека жали што поради нарушената безбедност претставата не ја играле во античкиот театар туку на просторот на Теодосијанската палата.
На програмата на 18. издание на интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби” вечерва со почеток во 20:00 часот на сцената „Петре Прличко” во велешки театар ќе биде одиграна претставата „Исмена” продуцирана од велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”.
извор: ммс.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.