На 18. декември (среда), со почеток во 19 часот, во Даут Пашин амам, завршува годинешната програма на КРИК 04 – Човек без својства политики на маргините , со предавањето на еден од најзначајните теоретичари на културата и возуелните уметности, Бранислав Димитирјевиќ, и неговото предвање насловено: Не-современата уметност: понатамошни шпекулации за „не-сега“. По предавањето ќе следи разговор со Натали Рајчиновска Павлеска и модерирана дискусија со публиката.

Во вториот дел на четврто издание на Фестивалот гостува познатите филозофи и
теоретичари Борис Буден и Стефан Новотни, Ариане Шпаниер, како и домашни учесници. А на 15 декември се одржа отворена јавна средба/разговор за состојбата, значењето и иднината на критиката во и за современите уметнички практики.
Во првиот дел на фестивалот КРИК, фестивал за критичка култура организиран од Контрапункт, кој се одржа во текот на јуни, учесници беа: Нејтан Браун, професор од Канада, Петар Милат, филозоф од Хрватска, Арон Шустер, американски писател и филозоф, Лина Гонан, филозоф и активистка од Хрватска, Станимир Панајотов, теоретичар од Бугарија. Во рамките на годинешното издание на КРИК, во септември се одржа и работилница за анализа на дискурс наменета за млади истражувачи со предавачите Мира Беќар, професор по применета лингвистика од Скопје и Викторија Костадинова, која предава на Универзитетот во Амстердам.

Димитријевиќ отсекогаш предизвикувал полемични контексти во општеството, кои ја контекстуализираат уметноста како длабоко политична, одговорна и не-невина во однос на политичките динамики. Неговите ставови секогаш предизвикувале бурни реакции, па дури и екцесност и во рамки на уметничката и културната сцена, а и општествено пошироко.

Еден од неговите последни провокативни јавни настапи е изнесувањето на ставовите за изложбата на Марина Абрамовиќ, која беше отворена во Белград, со огрoмна финансиска поддршка на Влaдата на Република Србија.

Практиките на современата уметност поминуваат низ ентрописки крај – сѐ повеќе тие се исклучувани поради бескрајното одбегнување на значењата, поради ”неодреденоста”, анти-концептуалноста, фетишизирањето на искуството и оцрнувањето на мислењето, но, пред сѐ заради нивното циничнo идеолошко соучесништво во неолибералниот поредок. Како и секое друго историско уметничко движење, „современата уметност“ се наоѓа во нејзината крајна фаза: маниристичка, пазарно ориентирана, елитистичка и отуѓена. А, сепак, прогласениот „излез“ од нејзината моментална состојба не се состои во препознавање на нова уметничка практика – во ситуација во која уметничката практика одеднаш ќе се промени во поткопување на системот, како што се случи во касните 60-ти, кога модернистичката уметничка парадигма беше отстранета – туку во шпекулации за различното, не-современа онтологија на уметноста вон истовременото искуство на „сега“, ниту, пак, исто така, преку легитимноста сервирана или од страна на духовите од минатото или од роботите од иднината, вели Димитријевиќ.

Бранислав Димитријевиќ е професор по историја на уметност и визуелна култура на Школата за уметност и дизајн во Белград. Димитријевиќ студирал Историја на уметност на Универзиетот во Белград и магистрирал историја и теорија на уметност на универзитетот во Кент, Велика Британија, под менторство на професор Стеивен Бан. Негови главни теоретски и кураторски интереси се: визуелна теорија и култута, уметноста во јавниот простор и релациите во општата култура, политика и идеологија. За неговите есеи е добитник на наградата Лазар Трифуновиќ за уметничка критика и Душан Стојановиќ за филмска теорија. Димитриевиќ уредувал повеќе изданија, публикации и каталози за изложби. Ги има објавено следните книги: On Normality: Art in Serbia 1989-2001 (MOCA Belgrade, 2005), Against Art – Goran Djordjević, 1979-1985 (MOCA, Belgrade, 2014) and more recently, Potrošeni socijalizam: Kultura, konzumerizam i društvena imaginacija u Jugoslaviji 1950-1974 (Fabrika knjiga, Belgrade, 2016) и Slatki film Dušana Makavejeva (MOCA, Belgrade, 2017).
Натали Рајчиновска Павлеска е независен истражувач во областа на современите уметнички практики, ликовната критика и теорија. Дипломирала на Архитектонски факултет, во Скопје (2006), со одбрана на дипломски труд: анализа на контекст и проект “Центар за сценски и визуелни уметности”, плато на МНТ, во Скопје. Магистрирала на Филозофски факултет во Скопје, при Институтот за Историја на уметност и археологија, модул Современа уметност, со одбрана на дисертација: “Концептуалната уметност во делото на Марсел Дишан, Јозеф Бојс и Art & Language од почетокот до крајот на 20-тиот век.” Од 2018 -та е докторанд на Трансдисциплинарни студии на современа уметност и медиуми во оквир на Интердисциплинарни студии, при Факултетот за медиуми и комуникации, Универзитет Сингидунум во Белград, Србија. Нејзиното истражување вклучува трансдисциплинарен аналитички пристап, често во релација со актуелните теориски струења и книжевни референтни системи, преку вкрстување на современите уметнички практики и различните општествени и институционални контексти. Автор е на повеќе ликовни рецензии, воведни предговори во уметнички книги и каталози на групни и самостојни изложби, како и дел од кураторскиот тим кој го подготви и реализираше концептот за претставувањето на Република Македонија на 15-тото Венецијанско Биенале за Архитектура во 2016 година, со проектот “Ничија Земја”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.