Вечерва во Битола завршува јубилејното 30. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест”, со целовечерен концерт на битолскиот камерен оркестар и гостинот од Унгарија Антал Залаи, а под диригентсво на Ендер Сакпинар од Турција.
Виолинистот Залаи е еден од десетте најдобри виолинисти на светот. Започнал да изучува виолина на 5 годишна возраст. Дипломирал на Кралскиот конзерваториум во Брисел во 2009 година.
Беспрекорната техника, музичката висртуозност и зрелост во интерпретацијата на унгарскиот виолинист, се карактеристиките ценети од страна на врвните професионалци .
Освоил над 15 награди на престижни меѓународни натпревари како: Кралица Елизабета, Индијанаполис, и сл. Настапил во 34 земји и снимил 11 албуми за BMC, Hungaroton i Brilliant Classics, од кои посебно се издвојуваат сонатите од Џорџ Енеску, композициите за виолина од Бела Барток како и оние на Паганини.
Со повеќе од милион прегледи на YouTube, Антал Залаи е еден и од најгледаните виолинисти на интернет, со што се стекна со репутација на еден од виолинистите кои се на исто ниво со големите изведувачи од минатото.
Тој свири на виолина од 1773 година. Како дел од Интерфест беше и во 2014 тата година кога одржа солистички концерт.
На програмата на Интерфест вечер ќе бидат изведувани дела од Холст, Григ, Менделсон, Сен-Санс и Сарастате.
„Интерфест-Битола” годинава беше организиран во чест на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет и лингвист Блаже Конески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.