Со прикажување на македонскиот документарен филм „Медена земја” во Будимпешта беше отворен Меѓународен фестивал на документарен филм 2020, што ќе трае до 2 февруари.
Во преполната сала пред прикажувањето на филмот се обратија градоначалникот на Будимпешта, Гергеј Корачоњи и амбасадорот на Македонија во Унгарија, Горан Стевчевски.
Во своето обраќање, амбасадорот, навраќајќи се на досегашните успеси на филмот, меѓу другото, укажа дека иако „Медена земја” во суштина раскажува една мала, локална приказна за начин на живот кој полека изумира, таа во себе носи силна глобална порака.
Тоа е приказна за односот меѓу човекот и природата, за борбата на конзумеризмот и човечката алчност наспроти пристојноста, почитувањето и грижата за другите. Зборовите на главниот карактер Атиџе, иако звучат мали, резонираат силно кога станува збор за заштита на животната средина, биодиверзитетот, спречување на биодеградацијата како резултат на прекумерно искористување на природните ресурси и спречување на климатските промени, истакна Стевчевски.
По прикажувањето „Медена земја” беше поздравен од гледачите со голем аплауз. Организаторите на Фестивалот, во соработка со Амбасадата на Македонија во Будимпешта, по прикажувањето на филмот приредија коктел за посетителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.