Со манифестацијата „Недели на унгарската култура“ се одбележуваат 25 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Унгарија и нашата земја и 20 години од отворањето на Унгарската амбасада во Скопје.
Како што посочи унгарскиот амбасадор Ласло Дукс, македонската јавност ќе има можност во неколку недели да посети повеќе настани и да ја запознае унгарската култура. Дукс истакна и дека настаните кои се случуваат во нашата земја се дел од поширока манифестација „Унгарска културна сезона“ која Унгарија ја организира во уште неколку земји во регионот.
Унгарија е современа, креативна земја во која се почитуваат традиционалните вредности и во која се унапредува разновидноста во културата. Планираме да организираме широка палета настапи со музика, танц, визуелни уметности и литература, за гостите подобро да ги разберат Унгарија и унгарската култура, додава унгарскиот амбасадор.
Покрај изложбата, во рамки на манифестацијата ќе прикажат концерти на етно, црковна и ромска музика, изложба „Будимпештански приказни“ која ќе гостува и во Тетово, Кавадарци и Битола, ќе има гастрономска презентација, а Унгарија ќе биде и земја во фокусот на Саемот на книгата во мај. Организатор на манифестацијата е Амбасадата на Унгарија во нашата земја, во соработка со Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.
Модерни трендови во унгарската фотографија од 20 век# е насловот на изложбата што ќе биде отворена во Мала станица на 5 април, а со која ќе стартува манифестацијата „Унгарската култура поблизу до нас“, што ќе се одвива неколку недели и со повеќе настани. На изложбата ќе бидат презентирани уметнички фотографии на меѓународно познати уметници како Андре Кертес, Ласло Мохоли-Наѓ, Брасај и Мартон Мункачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.