На 11 декември, 2019 гoдина во Македонската опера и балет, Владата на Јапонија и Владата на Македонија ќе потпишат договор за културен грант во вредност 79.800.000 јени (приближно 663.000 ЕУР) за „Подобрување на музичките инструменти и опрема за озвучување и осветлување за Македонската опера и балет.“

Амбасадорката на Јапонија, Н. Е. Кеико Ханеда и Заменик Претседателот на Влада за Европски прашања, Бујар Османи ќе разменат ноти, додека Џиро Такеичи, извршниот директор на Јапонската агенција за меѓународна соработка – ЏАЈКА Балкан и Васо Ристов, директор на MОБ ќе потпишат грант договор во присуство на Министерот за култура Хисни Исмаили, соопштија од Опера и балет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.