Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест Битола 2019“ ќе почне со гала оперски концерт на солисти и оркестарот на Националната опера и балет, и под диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ.
Свеченото отворање на 28. издание на „Интерфест“ ќе се одржи утревечер (2 октомври) од 20 часот на сцената на битолскиот театар. Според програмата, до 11 октомври на фестивалските сцени во битолскиот Музеј, Центар за култура и Народен театар-Битола, ќе настапат уметници од Италија, Франција, Полска и Македонија.
Годинава од Италија гостуваат дуо хармоника и пијано Џанкрало Калабриа и Симоне Пагани, дуо гитара и пијано Лапо Ванучи и Лука Ториџиани, како и италијанското барокно трио „Стара музика“ со кои ќе заврши фестивалот.
Во Битола концерти ќе приредат и дуо Фортчело од Франција, дуо пијано и флејта Тереза Кабан и Хенри Блажеј од Полска, како и македонските уметници Томе Костовски-пијано, Валентин Наумов – виолина и Верица Дивитарова-пијано.
Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ се одржува од 1992 година, а иницијатори и основачи се Милица Шперовиќ Рибарски и Кирил Рибарски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.