Со проекцијата на документарнот филм ,,Манаки – приказна во слики“, на Роберт Јанкулоски, во салата на Кино Манаки беше одбележана 100 годишнината од првата кино проекција на браќата Манаки, одржана во летна кино бавча.
Градоначалничката Наташа Петровска истакна дека овој значаен датум за градот Битола се одбележува скромно поради ковид мерките и актуелните околности.
Директорката на КИЦ Битола Сандра Котевска, осврнувајќи се на делата на браќата Јанаки и Милтон Манаки, истакна дека по првата кино проекција, две години подоцна, браќата ја изградиле првата наменска кино сала, која, за жал, постоела до 1939 година кога е уништена од пожар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.