Со 100.000 долари грант од САД ќе се врши конзервација и презентација на мозаиците и архитектура на археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис.

Според проекната сокументација, со конзерваторските зафати ќе бидат опфатени мозаичните површини и архитектурата во делот на Малата и Големата базилика, Епископската резиденција, кружната кула, градската фонтана и други содржини.

-Конзерваторските интервенции кои во голем обем и интегрално, за прв пат се превземаат благодарение на овој грант, не само што ќе овозможат зачувување на овие исклучително вредни културни добра по кои Хераклеја е препознатлива, туку ќе дадат ново светло и значење на самиот локалитет, информираа од Националната установа Завод и Музеј-Битола.

Проектната апликација е поддржана од американската амбасада во земјава, а реализацијата е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.