Деновиве книгоиздателството „Апокалипса“ од Љубљана го објави словенечкиот превод на книгата раскази „Делфинот (приказни за видливото и невидливото)“ од македонскиот писател Александар Прокопиев, во превод на Тим Сенчар. Во „Апокалипса“ во 2008 година излезе и збирката раскази „Пловидба кон Југ“ на Прокопиев.
Александар Прокопиев е доктор по книжевни науки, писател, есеист, културен двигател, љубител на патувања и поранешен член на легендарниот југословенски бенд „Идоли“, кој се одликува со директни и провокативни текстови; уште како дете бил најсреќен и задоволен кога ќе заспиел со музика. Има објавено прозни и есеистички книги, дома и во странство, неговите книги се преведени на повеќе од десет различни јазици. Последната меѓу нив е „Делфин“, која сега ја имаме и во превод на словенечки јазик – вели Јуриј Худолин, познат словенечки писател, преведуван на македонски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.