Вечерва, со почеток од 20 часот во Галерија МКЦ ќе се отвори „Просторот во мене, јас – насекаде“, изложба на Марија Трајаноска.
Сликите на Марија Трајаноска се експлозија од поставени прашања за нашето бивствување, нашата осаменост во целината, но и нашето присуство во празнината. Тие се лава што протекува од вулканот на внатрешниот пејзаж. Покрај овие величенствени предели на душевните панорами, јас сакам да ја истражам само фигурата. Таа за мене е клучот за тајната на мистичното сликарство на Марија, вели Никола Пијанманов за делата на Трајаноска.
Марија Трајаноска е родена на 29.8.1996 година во Кичево, Република Македонија. Средно образованиe завршува во ОСУ „Мирко Милески“ – Кичево со насока: Јазично- уметничко. Дипломира во 2019 на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, во класата на проф. м-р Антони Мазневски, со насока сликарство – отсек Конзервација и реставрација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.