Слика во вредност од шест милиони евра, изгубено ремек-дело на италијански сликар, била пронајдена во домот на една старица недалеку од Париз, пренесува „Би-би-си“.
Сликата била закачена на ѕид во кујната во стан во францускиот град Компиње. Авторот на ова изгубено ремек-дело е италијанскиот сликар Чени ди Пепо Чимабуе. Станува збор за сликата Christ Mocked, која е дел од серијата слики од крајот на 13 век.
Се верува дека сликата денес вреди шест милиони евра и дека толку ќе ја плати новиот сопственик на аукција во октомври.
Старицата мислела дека сликата е икона. Експертите велат дека нема сомнеж за нејзината автентичност. На сликата биле извршени тестови со помош на инфрацрвена светлина за да се бараат сличности со други дела на италијанскиот сликар.
Се верува дека сликата е дел од поголема сцена поделена на неколку панели, на кои е прикажан Исус Христос и неговото распнување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.