Контроверзната слика од уличниот артист Банкси на која е прикажан Британскиот парламент исполнет со шимпанза наместо пратеници, беше продадена на аукција за неверојатни 9,9 милиони фунти. Сликата на платно насловена „Devolved Parliament“ е широка 4 метри, а уметникот од Бристол кој се уште останува анонимен ја изработил во 2009 година.
Делото се очекуваше да достигне цена од околу 2 милиони фунти, но се продаде за околу 5 пати поскапо од она што аукциската куќа „Сотбис“ процени.
Контроверзниот уметник на Инстаграм објави цитат од познатиот уметнички критичар Роберт Хјуз, кој вели „Наместо да биде сопственост на просечниот човек, како што е книгата, уметноста станува нешто кое само богатите може да си го дозволат“.
„Devolved Parliament“ е најголемата и најпозната слика на платно од Банкси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.