Славниот писател Милан Кундера повторно е државјанин на родната Чешка, откако му е вратено државјанството, 40 години откако му беше одземено.

Чешкиот амбасадор во Франција Петр Друлак изјави за чешка телевизија дека минатата недела му врачил документ за државјанство на Кундера (90) во неговиот стан во Париз.

Враќањето на државјанството на авторот кој го напиша романот „Неподнослива леснотија на живеењето“ е резултат на минатонеделниот состанок на Кундера и чешкиот премиер Андреј Бабиш во Париз, пренесува „Танјуг“.

Кундера ја напушти комунистичка Чехословачка и во Франција живее од 1975 година, каде што ги објави некои од најпознатите дела меѓу кои и „Бесмртност“, „Уметноста на романот“ и „Книгата за смеата и заборавот“.

Неговите дела кои потоа ги издаде ги пишуваше на француски јазик и не се преведени на чешки.

Кундера повремено ја посетувал Чешка, но секогаш анонимно и никогаш не разговарал со новинарите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.