Светски познатата виолинистка Ванеса Меј испрати видео-порака до љубителите на уметноста во Македонија со кое ги повикува на нејзиниот концерт на 12 јули на Античкиот театар во Охрид со кој ќе биде отворено годинешното 59-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Таа на Фестивалот ќе настапи заедно со уметниците од Оркестарот на Македонска филхармонија и вокалните солисти од МОБ, под диригентска палка на бугарскиот диригент Иван Кожухаров.

Привршуваат организациско-техничките подготовки за манифестацијата, а е најавена богата и квалитетна уметничка понуда со врвни уметници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.