На 07.07.2021г. (среда) ќе се одигра комуникациска современа музичка драма со наслов „САМО ГЛАС”, со почеток во 20:00 часот во Македонскиот народен театар. Автор е Нина Плавањац,а улогите се Таа – Звездана Ангелова и Тој – снимениот глас на Никола Ристановски. Балетан е Мирослав Митрашиновиќ, а режисер, композитор, сценограф и дизајнер на светло е Марјан Неќак. Претставата е во продукција на Македонскиот народен театар.
Нина Плавањац за претставата: „Само глас“ е приказна за млада и талентирана жена, која преку ниска постапка го доживува најпонижувачкиот момент во својот живот, борејќи се за сопствениот идентитет. Позната е само Таа, бидејќи во нејзината личност се измешани повеќе архетипови: на ќерка, на дете, на жена, на љубовница, на ѕвезда, на протагонистка и на антагонистка.
Претставата ќе се одигра согласно протоколите за одржување на настани, а билетите ќе може да се купат на www.mnt.mk како и на билетарата на Македонскиот народен театар по цена од 300 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.