Денеска (16.07.2019, вторник), ќе се одржи концерт „Турски амам“ (TÜRK HAMAMI) на Гудачкиот камерен оркестар „Арко“ со диригент Ерхан Шукри и солист Тахир Ајдогду – канон, Анкара, Р. Турција, со почеток во 20:30 часот.
Од Дирекцијата на „Скопско лето“ информираат дека поради најава на дожд и невреме, концертот наместо во Куршумли ан, ќе се одржи во фоајето на Националната Опера и Балет.
Исто така вечерва според програмата на „Скопско лето“ планиарана е проекција на филмот „Планинско чудо“ (AMELIE RENNT) (2017), Германија/Италија, со почеток во 21:00 часот, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.
Дистрибутер: Uzengija
авантуристичка драма / траење: 97 минути
режија: Тобијас Виман
улоги: Сузане Борман, Денис Мошито, Дејвид Бредин,…
награди: номинација за Кристалната мечка на Берлинале, најдобар младински филм на Германските филмски награди
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.