Во рамките на „Скопско лето“ денеска, (11.07.2019, четврток), ќе се одржи концерт на „STRING OF LEONA & SERENA“ – Шпанија, со почеток во 20:30 часот на платото пред Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија. Во случај на невреме, концертот ќе биде префрлен внатре во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија. Концертот е во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија.
Леона Хота – тенор, Марија Пилар Лопез Хуртадо – виолина, Хуан Диас Поррас – виолончело, Бергилос Оскар Санчез – гитара.
„Strings Liona & Serena“ е четиричлен состав (глас, виолончело, виолина и гитара), со репертоар базиран на традиционални еврејско-шпански песни, вклучувајќи и латинска музика, сефардска итн. Покрај нивниот одличен музички квалитет, овој концерт е совршен допир за прославата на 25- годишнината од воспоставувањето на односите меѓу двете држави.Сефардската музика е компилација на музика од различни генерации низ целата хебрејска историја. Овој концерт ја испреплетува музичката суштина на средновековна Шпанија (Кастиља, Арагон и Андалузија) со остатокот од светот, преку патеки создадени од хебрејските номади. Учесници: Лиона Хота – тенор, Марија Пилар Лопез Хуртадо – виолина, Хуан Диас Поррас – виолончело, Бергилос Оскар Санчез – гитара.
Исто така, ќе се одржи проекција на филмот „Убивајќи го Бога“ (MATAR A DIOS) (2017) – Шпанија/Франција, со почеток во 21:00 часот, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан. Билети за проекцијата може да се купат на влезот на Сули ан пред самиот почеток на проекцијата по цена од 100 денари.
Дистрибутер: Cutaway
хорор комедија / траење: 92 минути
сценарио и режија: Каје Касас и Алберт Пинто
улоги: Едуардо Антуња, Емилио Гавира, Ицијар Кастро,…
награди: најдобар странски филм на Фантафестивалот, најдобар филм на Каталонскиот филмски фестивал, награди за најдобра режија и женска улога во Буенос Аирес,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.