Поради најавата за дожд во понеделник (24.06), концертот на Калашима – Италија ќе се одржи во Кино Фросина (МКЦ). Почеток на концертот во 21:00 часот.
Билети во продажба на влезот пред самиот концерт, по специјална фестивалска цена од 200 денари.
Експлозивни, енергични, врвни, Калашима се еден од најатрактивните бендови во Италија. Шест пријатели, израснати со мелодиите и хипнотичките ритми на магичниот ритуал на Таранта, повторно ја изменуваат традицијата со дива мешавина на електронски и лисергични ритми и оригинални мелодии во фолклорен амбиент.
Рикардо Лагана: дајре, перкусии, вокал,
Лука Букарела: хармоника, усна хармоника, вокал,
Федерико Лагана: дајре, рик, бендир, тар, тарабука, канџира, џембе, кахон, сет тапани, вокал,
Масимилијано Де Марко: гитара, бузуки, вокал,
Рикардо Басиле: бас гитара, синт бас, вокал,
Алдо Иеца: џампоња (италијанска гајда), флејта, флагола, шавм, зафон, вокал
Во соработка со Амбасада на Италија и „OFFest”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.