Скопскиот џез фестивал утре во 14 часот во МКЦ клуб ресторанот ќе ја промовира книгата со фотографии од словенечкиот фотограф Жига Коритник.

Книгата е насловена “Cloud arrangers“.

Да се биде џез фотограф е исклучително интересна работа. Тоа е всушност мојот приоритет, да бидам блиску до музичарите, да се спријателам со нив… Емоциите се секогаш блиску до површината, особено затоа што музиката често носи позитивни или негативни пораки. Насловот на оваа книга „Аранжери на облаци“ ми се појави пред неколку години додека лежев на брегот на Бохињско езеро восхитувајќи им се на облаците над мене. Еден мој пријател од Шкотска помина велсајќи ги своите деца во кану. Се поздравивме и неговиот син праша: „Кој е овој?“ Тој му одговори: „Тој е аранжер на облаците“. Веднаш ми блесна врската со музиката, фотографијата и  атмосферата присутна на  фантастичните фестивали што ги посетував.  Си реков ова може да биде наслов на некоја идна изложба, или можеби наслов на книга…Начинот на кој ги гледам и слушам музичарите, тие се, на некоја начин, исто така, аранжери на облаци, на атмосфера во нашите мисли.  Секој слушател развива сопствени емоции на концертите, музиката ги усогласува овие  расположенија и може сите да не постави на иста бранова должина. Тоа се најубавите моменти, кога создадената енергија ме обзема, ме поттикнува, и токму тогаш можам да направам добра фотографија-момент на фотографска возвишеност, вели Жига Коритник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.