По светската премиера во Официјалната селекција во Кан на најпрестижниот светски филмски фестивал, регионалната премиера во Сараево, италијанската премиера на фестивалот Конкорто во Пјаченца и македонската премиера на фестивалот „Браќа Манаки” во Битола, денес во МКЦ Парк скопската публика ќе може да го види филмот „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска.
По оваа проекција следуваат учества и во официјалните селекции на фестивалите во Тирана, Рекјавик, Батуми и други реномирани фестивали.
Главните улоги ги толкуваат: Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија Владимир Самоиловски, костимограф Билјана Гргур, сценограф Кирил Спасески, монтажер Драган Вон Петровиќ, шминка Горан Игњатовски, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, кастинг директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Роберт Насков.
Филмот е во продукција на „Кино око” во копродукција со „Сервиа филм” и „Форгрејд” од Србија и ”Тиволи продукција” од Унгарија. Финансиски е подржан од Агенцијата за филм на Македонија и Српскиот филмски центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.