Во Драмски театар Скопје утревечер, петок, на 20 септември, со почеток во 20 часот на големата сцена на театарот е закажана скопската премиера на претставата „Несоодветно за на работа“ по текст на британската авторка Луси Кирквуд, а во режија на холивудскиот актер Доналд В. Мофет. во рамки на 44. меѓународен театарски фестивал МОТ.

Претставата премиерно беше изведена на фестивалот „Охридско лето“ на 27 јули во Центарот за култура „Григор Прличев“.

„Несоодветно за на работа“ актуелизира родова тема преку критички став за објективизацијата на женското тело и борбата за надмоќ. Премиерата на претставата е планирана за крајот на јули.
Мофет е еден од основачите на „Римеинс тиатар енсембл“ во Чикаго, каде што учествува како актер, режисер и/или продуцент во над 40 претстави. Вниманието на јавноста првпат го привлекува настапувајќи во драмата на Лери Кремер „Нормално срце“ во њујоршкиот „Паблик театар“. Подоцна се појавува на Бродвеј во „Момци на зимата“ и „Вистинското нешто“, како и продукцијата на „Крајот на денот“ од Џон Робин Бејтс.

Улогите во претставата ги толкуваат Ирена Ристиќ, Сања Арсовска, Игор Ангелов, Зоран Љутков, Дамјан Цветановски и Стефан Вуисиќ. Сценограф е Константин Трпеновски, а костимограф Александар Ношпал.

Нејзината прва реприза ќе биде во сабота (21.9.) од 20:00 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.