Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ 2019 – симбол на пријателство меѓу децата по 28 пат ќе се одржува од денеска до 22 септември во организација на Детскиот културен центар – „Карпош“.
На фестивалот се поканети гости од Јагодина, Србија, Грција, Словачка и Турција, а ќе учествуваат и македонски ансамбли.
Пред централниот настан, ќе се одржи фестивалското дефиле кое ќе почне од ДКЦ – „Карпош“, а ќе заврши на плоштадот „Македонија“.
Централниот настан ќе се одржи на плоштадот „Македонија“ во 18.30 часот, а фестивалот ќе го отвори директорката на ДКЦ „Карпош“, Билјана Лалчевска-Серафимовска. Фестивалот ќе почне со познати македонски игри и ора кои ќе ги изведат членовите на играорната секција од ДКЦ „Карпош“.
Децата играорци преку шареноликоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења ќе ја претстават традицијата и културата на својата земја и по 28 пат ќе формираат едно големо „Оро без граници“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.