Во рамки на програмата „Холандски танцови досторели“, денеска во просториите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Скопје, ќе се одржи предавање на Самуел Вуерстен, уметнички директор на „Холандскиот танцов фестивал“, еден од најзначајните светски фестивали. Тој ќе ја презентира холандската танцова сцена и значајните холандски компании и уметници.
Во 20 часот вечер, пак, на сцената на Македонскиот народен театар, во рамки на Танц Фест Скопје 2021, ќе гостува дел од компанијата Скапино балет Ротердам со две кореографии на Ед Вубе, „Резонанца“ и “Везул“. Воедно ќе биде прикажан и танцовиот филм „Јантра“ на кореографот Шајлеш Бахоран. За крај на вечерта Скопје танцовиот театар ќе ја изведе претставата „Меѓусвет (Убавите жени)“ во кореографија на Рисима Рисимкин.
Програмата е во чест на долгогодишната соработка со холандски уметници, како и поддршката што Амбасадата на Кралството Холандија ја дава во развојот на современиот танц во земјава. Со таа соработка се овозможи формирање на едукативната програма на универзитетско ниво за современ танц, која денес е во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“, како и формирањето на Скопје танцовиот театар, првата официјална современа танцова компанија кај нас, која годинава одбележува 10 години од своето постоење.
Во рамки на вечерта ќе му биде доделена специјалната награда МЕНАДА за поддршка на развојот на современиот танц на амбасадорот Дирк Јан Коп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.