Скандалозен пост на официјалната веб страна на општина Охрид. Наместо 190 години од раѓањето на најголемиот великан на градот, Григор Прличев, општинските служби напишале 190 години од неговата смрт.
Колку за потсетување Прличев бил роден на 18 Јануари 1830 година, а починал на 6 Февруари 1893 година. Очигледно некој во општината го прескокнал часот на кој се учело за Прличев.
И тоа не е се. Плакатот за манифестацијата „Прличеви беседи 2020“ е отпечатен со погрешно име на македонскиот преродбеник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.