Вонредна состојба и вонредно функционирање на културата во време на корона. Сите фестивали, театарски претстави и концерти чекаат на одлуките на Комисијата за заразни болести и Владата, па дури потоа да ја конципираат програмата, со една дилема што со средствата кои ги добиле за одредени проекти, но не се во можност да ги реализираат во дадениот рок.
Филхармонија се соочува со дилемата што со програмата која беше предвидена за оваа сезона, фестивалот „Охридско лето“, кој годинава слави 60 години јубилеј, Ковид 19 ги стави во исчекување и организаторите и уметниците. Во иста ситуација се и „Струшките вечери на поезијата“, ИФФК „Браќа Манаки“ и ред други манифестации, додека Скопскиот филмски фестивал, „Танц фест“, Офф-фест се одложија за наесен.
Во Министерството за култура за СДК.мк велат дека се прават анализи и се чекаат препораките на Владата. Споделувајќи ги меѓународните искуства се бара начин во каква форма и во кои термини ќе бидат реализирани фестивалите во нашата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.