Меѓународниот тамбурашки фестивал во Куманово ќе го има своето 16. издание на 28 и 29 август. Концертите ќе бидат со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад во Куманово, а фестивалот ќе се одржи по сите протоколи за превенција од Ковид-19, со почитување на социјална дистанца и задолжително носење заштитни маски.
На првата фестивалска вечер (петок, 28.08.2020) ќе настапат:
– Група „Боеми“ од Битола;
– „Синтезис“ од Скопје.
На втората фестивалска вечер (сабота, 29.08.2020) ќе настапат:
– Група „На здравје“ од Куманово;
– „Љубојна“ од Скопје.
Фестивалот е во комплетна организација на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.