Синдикатот на културата за утре објави еднодневен предупредувачки штрајк со прекин на работниот процес во институциите од културата.
Штрајкот се случува поради непотпишување на Колективниот договор, за кој од Синдикатот велат дека преговарале речиси 2 години и континуирано добивале ветувања од Владата и Минситерството за култура дека ќе биде потпишан најпрво до крајот на 2018 година, а потоа до крајот на годинава.
Вработените во културата се речиси 15 години без социјални права, со огромни разлики во платите и субјективна валоризација на трудот. Ускратени им се правата на додатоци на плата и надоместоци на трошоци поврзани со работатата. Потсетуваме дека нивелацијата беше само преоден чекор кон колективниот договор, кој сам по себе не претставува покачување на платите туку нивно конечно уредување согласно Законот за работните односи. Колективниот договор ќе биде фундамент на социјалните односи и штит на нашите социјални права. Токму тоа го барат вработените во културата кои се целосно маргинализирани, а нивните права секојдневно се газат од државата која согласно Уставот би требало да биде социјална, а не да се однесува како суров капиталист – велат од Синдикатот за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.