Синдикатот на културата (СКРМ) ќе одржи протестен марш во вторник со цел да го изразат нивното незадоволство и разочарување од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор веќе 15 години.
Протестот има за цел да ги алармира Владата и Министерството за култура дека вработените во културата повеќе нема да толерираат газење на нивното достоинство и дека маршот е само вовед кон следните чекори во синдикалната борба за основни социјални права.
Маршот ќе почне напладне од паркот „Ибни Пајко“, позади Македонската филхармонија со краток говор на претседателката Сања Арсовска, ќе продолжи пред Владата, каде хорот на Националата опера и балет ќе изведе дел од операта „Хорот на Евреите“ од Набуко и ќе заврши пред Министерството за култура каде по краток говор на секретарот Гоце Павловски, претседателите на сите 46 синдикални организации на СКРМ ќе ја пренесат пораката на маршот – „Колективен сега“, односно дека културата бара колективен договор кој ќе стапи на сила од 01.01.2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.